Голем пожар изби во магацин во близина на аеродромот „Хитроу“ во Лондон.
Според локалните медиуми, на лице место се излезени најмалку шест противпожарни возила, 40 пожарникари и полиција.
Очевидците велат дека слушнале и експлозија, пренесе „Мирор“.
Од британските железници истакнаа дека редовните линии ќе бидат одожени или ќе доцнат.
Засега не е познато дали густиот чад кој избил ќе влијае на воздушниот сообраќај.