Најмалку 15 рудари загинаа, а девет се повредени во несреќа предизвикана од експлозија во рудник за јаглен во Кина, соопштија денеска локалните власти.
Акцијата за спасување била прекината утрово, бидејќи сите преживеани излегле од јамата во северната провинција Шанкси.
Истрагата за причината за експлозијата е во тек.
Кинеските рудници се сметаат за најсмртоносни во светот. Честа причина за рударски несреќи се експлозиите на метан.
Поголемото почитување на прописите за безбедност, обуката на работниците и затворањето на мали рудници предизвикаа намалување на бројот на несреќи во последните години.