Најмалку едно лице е повредено во експлозија во близина на железничка станица во англискиот град Стоумаркет. Локалната полиција во градот, која се наоѓа во округот Сафок, била известена за експлозијата околу 20:20 часот по локално време, јавува Би-би-си.
Полицијата првично соопшти дека едно лице е тешко повредено, но веќе не се верува дека таа претрпела сериозни повреди, јави Скај њуз.
Портпаролот на Службата за итни случаи изјави дека им била укажана помош на две лица, кои се здобиле со полесни повреди, а едно е пренесено во болница.
Пожарникарите и здравствените работници заминале на местото на настанот, а луѓето биле повикани да ја избегнуваат областа. Патиштата во близина се евакуирани, вклучувајќи ја и железничката станица.