Истрагата денешната експлозија во регионалната канцеларија на Сојузната служба за безбедност(ФСБ) на северот на Русија ја оквалификува како терористички чин, јавуваат руските новински агенции.
Исто така, беше соопштено дека бомбата на влезот на канцеларијата на ФСБ во градот Архангелск ја активирало 17 годишно момче.
– Според првичните информации, во експлозијата загина 17 годишен локален жител кој ја донел бомбата од домашна изработка – се наведува во извештајот.
Во инцидентот се повредени уште три лица.