Најмалку 24 лица загинаа, а десетици се повредени по експлозија на бомба во близина на предизборниот митинг што го одржа авганистанскиот претседател Ашраф Гани.
Меѓу жртвите има жени и деца, пренесува „Раша“, додавајќи дека бомбата била прикачена на полициски автомобилот што се наоѓал во близина на митингот.
Според извештаите на медиумите, најмалку 24 лица загинале, а повеќе од 30 се повредени.
Медиумите објавија дека целта можеби бил претседателот.
Тој не бил повреден во експлозијата и бил однесен на безбедно место, а „Раша“ пишува дека тоа е првиот терористички напад на настан на кој присуствувал и самиот претседател.