За прв пат во историјата на човештвото ќе се допре до најдлабоките точки на секој од петте океани, а тоа ќе биде изведено со новокоструирана подводна капсула која е дизајнирана да го издржи притисокот на 10 километри под површината.
Мисијата која го носи името “Пет длабочини“ ќе почне во декември со спуштање во Пуерто Рико Тренч, најдлабоката точка на Атлантскиот океан која уште не е истражена од луѓето – се вели на интернет страницата „Бизнис инсајдер“.
Нуркањата имаат за цел да стигнат до дното на Саут Сандвич Тренч во Јужниот океан, Јава Тренч во Индискиот океан, Челенџер Дип во Тихиот океан и Моли Дип во Арктикот, а тоа ќе биде направено со помош на првата капсула конструирана да ги доведе своите управувачи на единаесет илјади метри длабочина.
Капсулата ќе биде управувана од истражувачот и иноватор Виктор Висково заедно со научникот Алан Џејмисон. Нуркајќи до најдлабоките неистражени точки на океаните, тимот има цел да постави нови рекорди и да набљудува неоткриени видови.
Експедицијата, која е дел од проект кој го носи името „Длабока планета“ ќе биде снимена и емитувана од „Дискавери“ и „Сајнс Ченел“ во 2019 година.