Германската полицијата потврди дека едно лице е приведено по пукањето во Хале во кое загинаа две лица, а неколку други се повредени. Граната бил фрлена и на еврејските гробишта.
Тие не изнесуваат детали за уапсениот и за целта на нападот. Весниците „Билд“ и „Мителдојче цајтунг“ објавија дека пукањето се случило во близина на синагогата. Едно лице интервјуирано на телевизијата НТВ изјави дека бил во продавница за донер кога видел маж со кацига и воена јакна, кој потоа испукал истрели во продавницата.
Подоцна и корисник на интернет објави фотографија од наводниот напаѓач со автоматско оружје во рацете и со воена јакна и шлем.
Приведен е маж, а повеќе детали за него полиција ќе соопшти подоцна. Постојат индиции за тројца сторители, но досега ова се непотврдени информации.
Портпарол на полицијата изјави за ТВ-каналот НТВ, дека има две места на злосторство – продавницата за донер и синагогата. Макс Приворотски, претседател на еврејската заедница во Хале, изјавил за „Шпигел“ дека двајца напаѓачи се обиделе да влезат во синагогата, во која имало 70 до 80 луѓе. Соучесниците на напаѓачот подоцна, наводно, избегале со автомобил.
Полицијата предупреди на Твитер дека луѓето во околината треба да останат внимателни и увери дека работат на стабилизирање на ситуацијата. Тие најавија дека е зголемена безбедноста на синагогата во Дрезден и еврејските гробишта како заштитна мерка. Дрезден е на околу два часа од Хале. „Дојче бан“ ја затвори железничката станица во Хале по пукањето во синагогата.
Германскиот весник „Билд“ објави дека истрели се слушнале и на околу 15 километри од Хале, во Ландсберг, а информацијата е потврдена и од полициски извор. Полицијата побарала и од жителите во Ландсберг да останат во своите домови.
Не е познато дали се поврзани овие два инцидента.