Едно лице загина, а 16 се повредени во хемиска фабрика во чешкиот град Дечин, откако истекол фенол од камион цистерна, јави АФП, повикувајќи се на службата за итна помош.
Инцидентот се случил во фабриката „Хемитекс“, во која работат околу 90 лица. Веднаш по истекувањето на фенолот, бил прекинат производствениот процес.
Дел од вработените се повредиле кога вдишале фенол, а други од отровна хемикалија, позната како карбонска киселина, која предизвикала изгореници на кожата, објасни портпаролот.
Фенолот истекол откако се скинало цревото, со кој бил траснпортиран.