Лекови и допинг супстанци вредни 73 милиони евра се запленети во Европа, а во кација на Европол, уапсени се 667 луѓе и растурени се 25 криминални организации.
Европол координирал со операцијата „Штит“ во обид да се спречи производството на лажни пари, лекови и супстанци за допинг, се наведува во соопштението.
Во операцијата учествувале полициски единици од Финска, Франција, Грција и Италија, во соработка со уште 27 земји од Европа.
Акцијата траела од март до септември оваа година, разбиени се 25 банди и уапсени се речиси 700 луѓе и запленета е голема количина лекови за канцер, болки, вируси.