Училиште во францускиот град Лил на северот на земјата е евакуирано денес по дојава за бомба, соопшти локалната полиција, потврдувајќи ги претходните медиумски информации.
Полициската администрација за регионот От де Франс објави дека во тек е полициска акција во областа околу училиштето и дека областа е оградена со безбедносна лента, пренесува „Ројтерс“.
Француските медиуми јавуваат дека утрово околу 8:00 часот бил примен повик за наводно поставена бомба.
Претходно, француската телевизија БФМ и весникот „Ла вуа ду Нор“ објавија дека екипа за деактивирање на бомбата и кучиња трагачи се на местото на настанот.