Според соопштението на властите на Казакстан, 83 државјани биле евакуирани од кинескиот град Вухан, каде за прв пат се појави коронавирусот. Најголем број од евакуираните се студенти наведува „Ројтерс“.
Казахстанското министерство за здравство пред два дена соопшти дека 41 лице во земјата се тестира дали е заразено од вирусот. Бројката на смртни случаи од коронавирусот во Кина надмина 300 луѓе, а се повеќе земји пријавуваат и први случаи на заболени од инфекцијата.
На казахстанскиот авион, исто така има неоткриен број киргистански, белоруски и ерменски државјани, се вели во соопштението. Евакуираните ќе бидат карантинирани и тестирани велат надлежните.