Поради вулканска ерупција на Папуа Нова Гвинеја 15.000 луѓе се евакуирани во североисточниот дел на земјата, објавија денеска хуманитарните служби.
Според „Ројтерс“, имало ерупција на вулканите Улавун и Манам, а засега нема податоци дека некој е повреден.
Сепак, ерупциите уништиле куќи, насади и извори на вода, така што локалното население останува без неопходните средства за живот.
Поради големите облаци од пепел, во прекин се и летовите на регионалните линии.