Околу 4.000 жители денеска го напуштија подрачјето околу вулканот Фуего во Гватемала, каде вжештени камења и пепел се креваа високо во воздухот и паѓаа на тлото на областа која беше опустошена при ерупцијата во јуни.
Вулканолозите наведуваат дека експлозиите од планините високи 3.760 метри ги потресувале куќите со „константни звуци налик на железнички локомотиви“.
Вулкански материјал се издигнува до 1.000 метри над кратерот и се спушта од 2,5 километри од бочната страна на вулканот.
Стотици семејства од 10 општини ги послушаа повиците на властите за координација на природни непогоди да се евакуираат. Комисијата за природни непогоди рано изутринава соопшти дека биле евакуирани 3.925 лица.
Во ерупцијата на вулканот во јуни загинаа 194 лица, а 234 се уште се сметаат за исчезнати.