Од рудник во рударската област Кузбаш евакуирани се рудари поради дефект на вентилацијата.
-Во рудникот имаше околу 100 лица кога системот престана да работи- изјавија за „ТАСС“ од локалниот секретаријат за рударство и нагласи дека нема опасност по животот на рударите.
Досега биле евакуирани околу 50 работници.
Според информациите на регионалното министерство за вонредни ситуации, во рудникот се испратени две спасувачки екипи.