Илјадници луѓе се евакуирани утрово од кварт во Франкфурт во кој се наоѓа седиштето на Европската централна банка, бидејќи германските власти се подготвуваат да деактивираат бомба од Втората светска војна, тешка 500 килограми, пренесе „АП“.
Се наведува дека властите од финансиската престолнина побарале од 16.500 лица да ги напуштат своите домови во Остенд неколку часа пред операцијата, а вчера бил евакуиран локален дом за стари лица.