Министерот за енергетика на Венецуела, Мануел Куеведо, изјави дека државната нафтена компанија „ПДВСА“ овој мецес ќе отвори канцеларија во главниот град на Русија, Москва, пренесува „Геополитика њуз“.
Во моментов се префрла персонал и сите процедури се завршени уште од мај, како што рече министерот. Канцеларијата, која ќе биде задолжена за цела Европа, се префрла од португалската престолнина Лисабон.
За потсетување, на 28 јануари оваа година, САД воведоа санкции кон Венецуела и нивната „ПДВСА“ и ги замрзнаа сите средства на оваа компанија во западните банки во вредност од 8 милијарди долари, како и три големи нејзини рафинерии на територијата на САД. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро минатиот месец го најави преместувањето на канцеларијата од Лисабон во Москва.
Санкциите кон Венецуела ги воведе администрацијата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, уште во 2015 година. Извозот на нафта и обезбедува на Венецуела 95 отсто од девизните приходи, а во последите две години, тој извоз е намален за скоро двапати.