Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, нареди полицијата да ја испита заканата со бомба на Тајмс сквер од анонимен корисник на Интернет и да ги засили патролите во областа, пренесува „Њујорк тајмс“.
Вчера, Канцеларијата на гувернерот добила извештај за корисник на „Редит“ кој се заканил дека ќе активира бомба на Тајмс сквер. Модераторите, наводно, ја отстраниле објавата три часа по објавувањето.
– Заканата за бомба на Тајмс сквер е одвратен и кукавички чин за да се всади страв и паника во нашата заедница, а њујорчаните нема да ги толерираат овие тактики за плашливост. Ѝ наложив на државната полиција во Њујорк да се координира со локалните и сојузните партнери да почнат целосна истрага за овој инцидент – рече Куомо.
Гувернерот тврди дека нема индиции дека оваа закана е веродостојна, но полицијата во Њујорк ќе биде на терен и ќе ги засили патролите во областа во текот на денот.
Набргу после тоа, Одделот за борба против тероризмот објави на Твитер дека заканата не е веродостојна, но предупреди за зголемено присуство на полицијата на различни локации низ Њујорк и на Тајмс сквер поради претпазливост.