Директорот на кинеската Национална администрација за енергетика, Нур Бекри е исфрлен од владејачката Комунистичка партија и сменет од функцијата.
Дисциплинската комисија на Кина соопшти дека Бекри ја искористил својата службена положба за да им обезбеди работно место и деловни можности на други лица во замена за голема сума пари и недвижнини.
Бекри ја предводи Националната администрација за енергетика од 2014 година, а ја вршел и функцијата заменик претседавач во Кабинетот за економско планирање.
Комисијата соопшти дека случајот на Бекри им е предаден на обвинителите.
Бекри е еден од илјадниците официјални претставници кои се нашле на удар откако кинескиот претседател Си Џинпинг ја започна пред повеќе години борбата против корупција.