Поранешниот полицаец Дерек Шовен е прогласен за виновен за сите обвиненија на денешното рочиште во Минеаполис, објавија американските медиуми.
Дванаесетчлената порота го прогласи Шовен за виновен за три обвиненија за убиство без умисла, поврзани со смртта на Џорџ Флојд во мај минатата година.
Обвинетиот се соочува со вкупна затворска казна до 75 години, при изрекувањето на пресудата по осум недели.
Аутопсијата заклучи дека срцето на Флојд откажало, откако Шовен при апсењето го притискал со колено на вратот речиси девет минути, при што Флојд не можел да дише.
Смртта на Флојд покрена многубројни протести на движењето „Црните животи значат“ ширум светот.