Демократите од Конгресот во САД ја одбија поканата на претседателот Доналд Трамп да учествуваат на работен ручек во Белата куќа да преговараат за блокадата на Владата, откако Трамп одлучи да бара средства за изградба на ѕидот со Мексико без поддршка на демократите Нанси Пелоси и Чак Шумер, пренесува британски „Индепендент“.
Од Белата куќа изјавија дека на овој ручек нема да учествуваат претставници на Демократите од Конгресот за да се прекине најдолгата блокада на Владата во историјата на САД. Со оглед на овие моментални случувања, се очекува администрацијата на претседателот на продолжи на новата стратегија со „заобиколување“ на поддршката од страна на Демократите за финансирање на ѕидот со Мексико, средства во висина од 5,7 милијарди долари.
Секретарката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека на ручекот нема да учествуваат претставници на Демократите и дека претседателот Трамп е очекува на работната средба со Републиканците од Конгресот да ја реши кризата на границата со Мексико и повторно да ја отвори владата.
– Претседателот има на маса има предлог кој вклучува имплементирање на нова технолигија на границите на повеќе точки за влез, дозволување на малолетници од Централа Америка да побараат азил во нивната родна земја и поставување на физички бариери на точките на влез на границата кои ќе бидат од челик, а не бетон – потенцираше Сандерс.
Демократите во САД цврсто го одбија предлогот за финансирање на ѕидот, но понудија 1,3 милијарди долари за генерална безбедност на границата со Мексико. Челниците на партијата исто така го повикаа претседателот да ја прекине блокадата на Владата додека траат преговорите за ова прашање.
Иако Нанси Пелоси изјави дека нема „ништо против“ други претставници на Демократите да учествуваат на ручекот, врвот не партијата сметаше дека овој состанок не би донел никакви продуктивни резултати и дека само е „сесија за фотографирање со претседателот“, па затоа одлучи да го бојкотира.
Првиот Демократ во Сенатот во САД, Чак Шумер неколку пати се сретна за време на 25-дневната блокада на Владата. Претседателот Трамп последната средба со Шумер ја напушти пред време.
Демократите сметаат дека Трамп може да ја одбокира Владата во секое време, но тој сè уште се обидува да ги изнуди средствата за изградбата на ѕидот.
Од друга страна, оваа блокада предизвика сериозни последици на целата територија на САД. Повеќе од 800 илјади вработени не примија плати, иако стотици илјади сè уште мораат да одат на работа. Инспекциите за лекови и храна се ограничени, додека земјоделците не се во можност да ги примат предвидените субвенции. Се создаваат сериозни проблеми и на царинските точки на аеродромите, а со тоа и авионските компании претрпуваат сериозни штети. Се проценува дека една од најголемите авиокомпании во САД „Делта Ер“ изгубила 25 милиони долари само во јануари.