Бројот на мигранти кои од почетокот на годинава пристигнале во Шпанија преку Средоземното Море е двојно зголемен во споредба со истиот период лани, соопшти денеска граничната служба на ЕУ, Фронтекс.
Агенцијата прецизира дека речиси 53.000 мигранти недозволено влегле во Шпанија во првите три месеци од оваа година, од кои најголемиот број од Мароко, Гвинеја и Мали.
Сепак, вкупниот број луѓе кои се обиделе да стигнат до европскиот брег преку Медитеранот е значително намален годинава, бидејќи помал број луѓе од Либија заминуваат кон Италија.
Во Италија во ноември пристигнале околу 138.000 луѓе што е за 30 отсто помалку во споредба со истиот период лани, се наведува во соопштението.