Две лица се убиени, а 14 повредени рано утрово во пукање што се случи на забава во двор на приватна куќа во Рочестер, Њујорк, изјави началникот на полицијата Марк Сајмонс.
Тој кажа дека во пукањето се убиени едно машко и едно женско лица на возраст од 18 и 22 години.
– Во моментов нема осомничени и сè уште е рано да се каже колку лица пукале – вели Сајмонс.
Тој кажа дека 14 ранети се префрлени во две различни болници и дека никој од нив не е во животна опасност.
– Ова е навистина трагедија од епски размери – рече Сајмонс.