Две лица се извлечени живи под урнатините на надвозникот над Џенова и се превезени во болницата Сан Мартино, но и натаму се стравува дека во несреќата има десетици мртви, пренесува италијанската агенција АНСА, додека остнатите медиуми јавуваат за најмалку 22 загинати.
Претставник на локалната итна служба рече дека има „десетици мртви“.
И пожарникарите потврдија дека има жртви по уривањето на надвозникот Моранди околу 11:30 часот по локално време по поројните дождови.
Италијанската телевизија прикажа фотографии на урнатиот мост висок околу стотина метри кој беше изграден во 60-сеттите години на минатиот век во рамки на автопатот А10.
Надвозникот беше обновен во 2016 година и минува над трговските центри, фабрики и станбени згради, железничката линија Џенова-Милано и реката Полчевера.
Еден сведок за телевизијата Скај Италија рече дека видел „осум или двете“ возила на надвозникот кога тој се урнал во „апокалиптична сцена“.
Министерот за сообраќај Данило Тонинели напиша на Твитер дека го следи развојот на настанот за кој се чини дека е „неизмерна трагедија“.