Најмалку две лица загинаа денеска при пукање во станбена зграда во која живеат постари граѓани во Мериленд, недалеку од Вашингтон, а еден осомничен е во притвор, соопшти локалната полиција.
Пукањето се случило утрово околу 9.15 часот, а полицијата првично соопшти дека трага по други жртви или осомничени и оти луѓето треба да се засолнат, но подоцна на Твитер објави дека еден осомничен е во притвор и оти нема закана за заедницата.
Пред апсењето, едно училиште во близина било привремено затворено како мерка на претпазливост.
Селото Геjтавеј ја опишува зградата на својата веб-страница како станбен комплекс лоциран на околу осум километри источно од округот Колумбија, како прифатлива зграда за луѓе на возраст над 62 години со апартмани со една спална и две спални соби.