Пилот и уште едно лице загинаа при несреќа на мал авион кој падна врз семејната куќа во Северна Каролина. Едно лице е тешко повредено во несреќата.
Авионот се урнал околу полноќ во местото Хоуп Мил, наведе полицијата. Притоа загинал пилотот, како и еден од жителите на куќата каде што удрил авионот. Повреден е уште еден од станарите на куќата, кој е пренесен во болница.
Областа во која се урнал авионот се наоѓа покрај државниот автопат 301, околу осум километри од регионалниот аеродром Фејтвил, во населба со неколку бизнис и станбени згради.
Причините за падот на авионот не се соопштени. Во тек е истрага.