Две лица загинаа кога се урнал мал авион за време на рутински тренинг лет во близина на воздухопловната база во Пешавар, во северозападниот дел на Пакистан.
Во соопштението се наведува дека загинале пилотот и копилотот, а нема информации дека некој настрадал на земја при уривањето на авионот.
Во тек е истрага за инцидентот, а засега нема дополнителни детали.