Претседателот на САД Доналд Трамп вчера на состанокот со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа дека неговиот татко е роден на прекрасно место во Германија. Светските, а особено американските медиуми, побрзаа да објават дека Фред Трамп, таткото на Доналд е роден во Бронкс, Њујорк, а неговиот дедо е роден во Германија.
Според системот за проверка на фактите на „Вашингтон пост“, кој ги следи изјавите на Трамп од почетокот на неговиот претседателски мандат, тој во првите 802 дена за време на неговото владеење кажал 9.451 лажни или погрешни тврдења.
Анализите на Си-ен-ен покажуваат дека претседателот на Америка често ги преувеличува и искривува фактите, но често и лаже. И претходно за време на неговото владеење, медиумите ги „ловеа“ неточните изјави на контроверзниот лидер, но според американските медиуми, во последниот период драстично се зголемени лагите и недоследностите во неговите излагања.
– Претседателот сега има 22 недоследни или лажни тврдења дневно во последните 200 денови, драстично зголемување од просекот на 5,9 лажни или погрешни тврдења кои ги имаше Трамп во првата година во неговото владеење – пишуваат луѓето кои работат со системот за проверка на фактите на „Вашингтон пост“.
Загрижува фактот што Трамп кажува најоглемиот дел од лагите ги кажува на неговите митинзи, кои сега започнуваат да бидат дел од претседателската кампања за изборите во 2020 година. Системот за проверка на факти избори 64 лажни или погрешни тврдења на Трамп на митингот во Гранд Рапидс, Мичиген, кој се одржа минатата недела, пишува Си-ен-ен.
Со интензивирањето на кампањата за претседателските избори во 2020, останува да се види дали освен Трамп, и кај другите кандидати ќе се забележат вакви недоследности во говорите.