Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција, бидејќи е вклучена во војната против исламистичката идеологија.
– Ние сме во војна против непријателот, кој е и внатре и надвор. Мора да разбереме дека има и ќе има и други настани како овие страшни напади -изјави тој за радиото РТЛ, пренесува „Ројтерс“.
Во четвртокот, туниски државјанин извикувајќи „Алах акбар“ уби три лица во црквата Нотр Дам во Ница. Тој и ја отсекол главата на една од жртвите, и повредил неколку лица, пред полицијата да го застрела и да го префрли во болница.