Секретаријатот на Обединети нации нема да учествува на ниту еден состанок на групата која се формира за решавање на кризата во Венецуела.
– Сектретаријатот на ОН одлучи да не учествува во ниту една група за да го зачува кредибилитетот на мисијата за пружање на услуги на сите страни и за да може да помогне во изнаоѓање на политички решенија, во случај ако се побара тоа – изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Тој додаде дека ОН се загрижени за ситуацијата во Венецуела, но не спомна во кои групи сака да учествува Светската организација.
Во Отава денеска се одржува состанок на Групата од Лима, на кој учествува и американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Уругвај и Мексико не го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела и најавија состанок на 7 февруари во Монтевидео, на кој се поканети претставници на меѓународнии организации кои имаат неутрален став за кризата во Венецуела.
Според Уругвај и Мексико нивната иницијатива е одговор на апелот на Гутереш за дијалог и се залагаат за преговори за решавање на политичката криза во Венецуела.