Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш синоќа во Вашингтон имаше средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
– Двајцата разговараа за состојбата на Блискиот Исток и Корејскиот полуостров, како и за реформите на светската организација, соопшти Кабинетот на Гутереш.
Тој му се заблагодарарил на Трамп за поддршката што САД ја дава за работата на ООН.
Претходно Гутереш разговараше и со советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон, со кого размени мислења за состојбата во Северна Кореја, Јемен, Сирија и Блискиот Исток.
– Гутереш пристигна во Вашингтон завчера, кога го посети Конгресот на САД за да ги информира членовите на Конгресот за „актуелните иницијативи за реформирање на ОН“, се додава во соопштението.