Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, рече дека „длабоко ја цени одличната соработка и поддршка“ на американската амбасадорка во светската организација Ники Хејли, и покрај големите политички разлики по бројните прашања од климатските промени до поддршка за палестинските бегалци.
Портпаролот на ОН, Стефан Дујарик, изјави за новинарите во седиштето на ОН во Њујорк дека односите на Светската организација и САД, како и генералниот секретар и американската амбасадорка, се „од исклучително критично значење”.
Тој рече дека Гутереш и Хејли имале „многу продуктивни и силни работни односи” и дека „напорно работеле на промовирање на конструктивни врски меѓу Обединетите нации и САД”.
Тој додаде дека разликите на ОН со администрацијата на Трамп се „толку отворени што секој може да ги види”.