Гувернерот на бразилската држава Рио де Женеиро денеска е уапсен поради сомневање дека учествувал во група за измами и перење пари, соопшти федералното обвинителство.
Луис Фернандо Пазау бил уапсен со осум други лица во антикорупциска истрага. Во рамките на истрагата, која стана позната под името „Миење возила“, до сега се обвинети голем број високи политичари и припадници на бизнис елитата во Бразил.
Засега нема коментар од Владата на Рио де Женеиро или портпарол на гувернерот.