По претерувањето на руските дипломати од Северноатлантскиот пакт, невозможно е да се свика состанок на Советот НАТО-Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко.
Според него, со таквата постапка Алијансата „сама себе си си пукала в нога“.
– Задавајќи им удар на службите надлежни за пружање точни инфромации за тоа што се случува во Алијансата, НАТО првенствено се казнува себе си, а не нас. На крајот на кариштата, ако не сакаат дијалог, дијалог нема ни да има. Сите знаат дека за танго се потребни двајца. Со тоа Алијансата си нанесува штета на сопствената безбедност – изјави Грушко.
Тој оцени дека постапките на НАТО се во спротивност со големиот број соопштенија на генералниот секретар и на другите официјални претставници на Алијансата, кои тврдат дека Пактот е заинтересиран за одржување на политичкиот дијалог со Москва и апелираат за свикување нов состанок на Советот НАТО-Русија.
– Во сегашните услови невозможно е да се свика таков состанок – заклучи Грушко.
Повеќе земји членки на НАТО и ЕУ решија да протераат руски дипломати во знак на солидарност со Велика Британија, која прва протера 23 диполоматски претставници на Русија, како реакција на труењето на рускиот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во англискиот град Солсбери, за што Лондон ја обвинува Москва. Русија од своја страна негира каква и да е нејзина поврзаност со труењето на Скрипал.