Грузиската полиција употреби солзавец и гумени куршуми со цел да го растури протестот на жителите на планинското подрачје Панкиси, кои се против изградба на хидроелектрана.
Околу 300 жители во клисурата Панкиси се собраа во близина на селото Биркијани во знак на протест поради изградба на хидроелектрана, истакнувајќи дека тоа може да ја наруши животната средина и да ги принуди да ги напуштат своите домови.
Дел од демонстрантите фрлаа камења врз полицијата, која возврати со гумени куршуми и солзавец.
Неколку демонстранти и полицајци се полесно повредени.