Велика Британија ќе ја напушти Европската унија без договор ако нејзините лидери не ја омекнат својата позиција за ирската граница, изјави министерот за транспорт, Крис Грејлинг за Би-Би-Си.
Лидерите на ЕУ цврсто ја предупредија премиерката Тереза Меј дека ако не се откаже од трговските прашања и ирската граница до ноември, тие се подготвени да се справат со хаотичен излез на Велика Британија од унијата.
– Тоа што ЕУ во моментов го бара по прашањето за Северна Ирска е едноставно невозможно да се прифати од која и да е британска влада. И ако тие останат на својата позиција, едноставно нема да има договор, истакна Грејлинг.
– Сега се користи многу остра јазик, но како и друг пат на крајот на краиштата ќе дојде до договор. Јас сум уверени дека ќе постигнеме договор, додаде тој.