Британскиот министер задолжен за координација на планирањето на брегзит без договор, Мајкл Гоув, изјави дека премиерот Борис Џонсон нема намера да поднесе оставка.
Неговата изјава следи по шпекулациите дека Џонсон би можел да поднесе оставка со цел да дојде до предвремени парламентарни избори.
– Мислам дека премиерот нема намера да поднесе оставка. Тој е избран на изборот за лидер на партијата, на кој и јас учествував. Тој ги освои тие избори – потенцира Гоув.