Голем шумски пожар избувна недалеку од националниот парк Топанга во американската држава Калифорнија, а локалните власти бараат илјадници граѓани да го напуштат местото.
Сè уште не е утврдено што го предизвикало пожарот, но противпожарната служба во Лос Анџелес соопшти дека пожарот е „сомнителен“ и дека истрагата е во тек.
Во извештаите на новинските агенции се наведува дека полицијата во Лос Анџелес уапсила и подоцна ослободила едно лице, а друг осомничен бил уапсен откако од вчера бил на распит во полицијата.
„Пожарот се засилува“, соопшти противпожарната служба, потврдувајќи дека огнот досега уништил површина од околу 5,5 квадратни километри.