Властите во Калифорнија наредија евакуација на неколку стотици луѓе од населбата Гејзервил, северно од Сан Франциско, поради големите шумски пожар во округот Сонома. Американските медиуми објавија дека 200.000 луѓе останале без електрична енергија.
Одделот за шумарство и заштита од пожари во Калифорнија соопшти дека пожарот, кој се шири поради силните ветрови, до сега има зафатено површина од околу 10.000 акри.
Шерифот на округот Сонома нареди задолжителна евакуација за Гејзервил во која живеат околу 900 луѓе.
Метеорологот Марк Шенард изјави дека ветерот ќе достигне најголема брзина во текот на вечерта и ќе продолжи утре. Тој предупреди дека Северна Калифорнија ќе ја погодат ветрови со брзина до 72 километри кои нема да ослабнат и за време на викендот.