Главните градови на Белгија и Велика Британија, Брисел и Лондон, денеска ги одбележуваат годишнините на терористичките напади, во кои загинаа вкупно 37 лица.
Во пресрет на почетокот на дводневниот Самит на ЕУ, денеска во Брисел беше одбележана втората годишнина од трористичките напади на белгискиот аеродорм и метро станицата, при што беа убиени 32 лица, а над 300 беа повредени.
Белгискиот премиер Шарл Мишел положи венец на кружниот тек на плоштадот Шуман, каде што се наоѓаат инситутциите на ЕУ, во знак на сеќавање на жртвите при нападите.
Во исто време, во Лондон британската премиерка Тереза Мај положи венец на мостот Вестминстер, крај зградата на Парламентот, во сеќавање на петмината загинати при нападот од пред една година.
Нападот се случи кога 52-годишниот Халид Масуд со возило намерно удри во група пешаци на мостот, при што загинаа пет лица, а околку 50 беа повредени. Напаѓачот при тоа беше убиен,
Одговорност за нападите презеде џихадиситчката група исламска држава (ИД).