Истражување на меѓународниот финансиски институт СССА
Иако Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги подобри своите процени за светската економија во 2021 година, притоа посочувајќи ги „стимулансите“ со кои владите ќе се обидат да ги ублажат ефектите од пандемијата предизвикана од ковид-19 како економски мотор, сепак разликите во темпото за економско закрепнување се бавни, а сиромаштијата и нееднаквоста се во пораст.
Ова, меѓу другото, се наведува во извештајот изготвен од институтот СССА при меѓународниот фонд, во кој се посочува дека екстремната стапка на сиромаштија минатата година се зголемила од 7,9 на 9,5 проценти. Според студијата, тоа значи дека бројот на луѓе што живеат во светот со помалку од 1,90 долар дневно е зголемен од 119 на 124 милиони.
Анализата проценува дека станува збор за „невиден пораст на глобалната сиромаштија“ и ако работите не се променат брзо, сиромаштијата ќе продолжи да расте и во 2021 година и може да влијае на 143-163 милиони луѓе.
– Околу 250 милиони луѓе во светот останаа без работа, а напредокот во изминативе децении беше избришан за една година. Најголемо зголемување на сиромаштијата во последните три децении претходно беше забележано за време на азиската финансиска криза кога глобалната екстремна сиромаштија се зголеми на 65 милиони луѓе – се наведува во извештајот на институтот. Според студијата, ваквиот резултат и порастот на сиромаштијата имаат директно влијание врз училиштата и универзитетите, а со тоа и кон светското образование.