Британија планира до 15 јануари да одржи гласање во парламентот за истапување од Европската унија(ЕУ), соопшти денеска портпаролот на премиерката Тереза Меј.
Британската премиерка уште еднаш на состанокот на својот кабинет рекла дека одложувањето на брегзит со продолжувањето на членот 50 од законот на ЕУ не е владина политика.
Таа додаде дека е можно за тоа да разговарале претставници на ЕУ, но не и функционери на Велика Британија.
– Дебатата ќе биде отворена утре. Премиерката рече дека ќе ја затвори дебатата во вторник, на 15 јануари, кога ќе биде одржано гласањето – рече портпаролот.