Речиси 20 деца, а можеби и многу повеќе, биле сексуално злоставувани во текот на 10 години во камп во централна Германија, поради што локалната полиција денеска подигна обвинение против тројца мажи, јави ДПА.
Полицијата соопшти дека мажите ги злоставувале децата на возраст од четири до 13 години, создавајќи порнографски материјал во кампот. Полициски претставници наброија 23 засегнати деца, но изразија стравување дека списокот може да се прошири.
– Сè уште имаме многу работа пред нас – изјави шефот на истрагата, Гунар Вајс.
Трите осомничени лица, на возраст од 33, 48 и 56 години, се притворени. Иследниците обезбедиле 13.000 документи (14 терабајти) кои содржат детска порнографија.