Германската влада очекува Велика Британија да ја напушти Европската Унија на 31 октомври без спогодба за идните односи, објави денеска германскиот деловен весник „Ханделсблат“, повикувајќи се на документ од германското Министерство за финансии.
Весникот пишува дека берлинската влада верува оти т.н. неуреден брегзит е многу веројатен со оглед на барањата на британскиот премиер Борис Џонсон границата со Ирска, договорена со неговата претходничка во ноември, да биде отстранета од договорот за излез на ЕУ, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
ЕУ нема друг избор освен да го одбие барањето, се наведува во документот на германското Министерството за финансии, во кој се додава дека мали се шансите Џонсон да го промени својот став.