Германската Влада информираше дека вчера депортирала 69 Авганистанци, чии барања за азил биле одбиени како неосновани.
Авганистанците беа пренесени со авион од Минхен до Кабул. Се работи за најголемото групно депортирање на баратели на азил извршено од страна на Германија.
Баварскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман го поздрави депортирањето и рече дека од неодамна има дозвола од страна на сојузните власти на Германија неограничено да депортира баратели на азил назад во Авганистан.
Досега баварските регионални власти, кои бараат построг пристап кон мигрантите од страна на Берлин, смееја да депортираат само Авганистанци кои извршиле кривични дела во Германија.