Германија депортирала рекорден број бегалци во земји-членки на Европската Унија, покажуваат податоците на федералните власти. Повеќе од 8.600 луѓе се депортирани во други држави во рамките на ЕУ во периодот јануари – ноември 2018 година.
Станува збор за историски максимум за Германија. Бројот на депортирани е значително зголемен во споредба со 2017 година – од 7.102 лица за 12 месеци до 8.658 луѓе за 11 месеци. За нецела 2018 година, германските власти испратиле во други држави од ЕУ повеќе од 51.500 молби за прифаќање бегалци. Повеќе од 35.000 од тие молби се одобрени.