Венецуелскиот опозициски лидер и самопрогласен привремен претседател, Хуан Гваидо, рече дека властите во земјата се обидуваат да го затворат Националното собрание, еднодомниот парламент на Венецуела, пренесува ТАСС.
-Нема сомнение дека властите имаат само една цел – да го затворат Собранието. Државниот тероризам е единственото нешто што Николас Мадуро може да го понуди- изјави Гваидо.
Тој истакна дека членовите на парламентот ќе продолжат да работат утре.
-Ќе продолжиме да работиме и нема да го напуштиме парламентот. Ако треба да одржиме седница на улица надвор, ќе го сториме тоа- додаде Гваидо.
Претставниците на боливарската разузнавачка служба претходно влегоа во седиштето на парламентот на Венецуела во потрага по експлозивен уред кој наводно бил поставен во зградата.
На 20 април, група воени претставници го поддржа Гваидо, што беше проследено со големи антивладини протести во земјата. Пет лица загинаа, а стотици беа повредени во судирите со безбедносните сили. Невладините организации објавија дека најмалку 240 демонстранти биле притворени.