Филипините денеска на шест месеци го затворија туристичкиот остров Боракај поради изградба на мрежа за прочистување на отпадните води.
Спорното затворање на островот се случи во присуство на голем број припадници на безбедносните сили. Вооружени полицајци беа распоредени на влезните пунктови на тој мал остров, кој стана жртва на сопствениот успех.
– Боракај е официјално затворен за туристите. Не ги затвораме објектите, но туристите повеќе не можат да доаѓаат. Ја спроведуваме одлуката на претседателот – рече Цезар Бинаг, началник на тамошната полиција.
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте нареди затворање откако во една пригода го нарече островот „септичка јама“, обвинувајќи ги хотелите и рестораните дека отпадните води ги излеваат директно во морето.
Според податоците на Министерството за животна средина на Индонезија, 195 трговски објекти и 4.000 физички лица на островот не се приклучени на канализациона мрежа.
Боракај од 2006 година го посетиле два милиони туристи, повеќето Кинези и Корејци.