Шпанската поморска служба за спасување викендов спасила 325 имигранти во Средоземното Море.
Уште 150 имигранти се спасени во саботата. Тие се наоѓале во пет чамци, меѓу кои и кајак.
Агенцијата за миграција на ОН (ИОМ) соопшти дека околу 15.000 имигранти од почетокот на годинава стигнале во Шпанија преминувајќи го Гибралтарскиот Проток.