Швеѓаните имаат намера да ја исфрлат целата историја постара од 18 век од училиштата и да ги концентрираат своите ученици на холокаустот, Хитлер, Втората светска војна и постмодерниот период од крајот на 20 век.
– Нема повеќе антички Рим, античка Грција, веќе нема да се учи за големото шведско царство – објави шведскиот одбор за образование, кој предлага предметот историја да биде радикално изменет.
Повеќе време во образованието се дава на прашањата за половите, климатските промени и миграциите, додека во повисоките одделенија, во кои одат ученици на возраст од 13 до 15 години, нема да се предава историја која датира од пред 1700 година.
Предложено е античка Грција, антички Рим и ерата кога Шведска била голема сила (1611-1718) и владеела со земјите околу Балтичкото Море да бидат избришани од историските учебници за најмладите.
Оваа намера, сепак, предизвика отпор од професорите по историја.
– Тоа е страшно, бизарно и апсурдно – тврди историчарот Дик Харисон.
Тој посочува дека е принуден да реагира и укажува на фактот дека е потребна „античката историја“.