Сириските демократски сили (СДФ), кои се поддржани од САД, денеска ќе почнат напад на последната енклава под контрола на Исламска држава во Сирија, изјави претставникот на СДФ Мустафа Бали.
САД на 29 јануари соопштија дека се очекува во наредните неколку недели Исламска држава да го загуби и последниот дел од територијата во Сирија.
Бали информира дека офанзивата ќе почне вечерва и оти нејзина цел е елиминирање на последните остатоци на терористичката организација.
Исламска држава во Сирија под контрола држи и територија западно од реката Еуфрат.